Дома Трансфер зона Конте го „брка“ Икарди, а два италијански ривали се борат за неговиот потпис

Конте го „брка“ Икарди, а два италијански ривали се борат за неговиот потпис

icardi

Италијанските медиуми веќе со денови пишуваат за преговорите на Јувентус и Интер околу трансферот на напаѓачот Мауро Икарди.

Новиот тренер на „старата дама“, Маурицио Сари сака да го засили нападот со одличниот напаѓач, но и човекот кој минатата сезона имаше големи проблеми со клубот поради застојот во преговорите за продолжување на договорот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Икарди подобри услови се обидуваше да добие со глумење повреда и поради тоа му беше одземена капитенската лента. Аргентинецот сака да остане во Интер, но новиот тренер Антонио Конте нема иста намера и Јувентус се наметнува како примамлива опција.

Уште една опција која стана позната од вчера според тврдењата на италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио е и Наполи. Тие нудат 60 милиони евра плус бонуси.

Се напоменува дека преговорите помеѓу Интер и Јувентус траат со недели. Како замена за Икарди во Интер најмногу се споменува Ромелу Лукаку, додека Един Џеко на кого трансферот му изгледаше скоро завршен изгледа е се подалеку од „Џузепе Меаца“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал и ПСЖ се „тепаат“ за големиот аргентински талент

Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за големиот аргентински талент на Ривер Плат…