Селекцијата на Италија до 20 мај ќе добие нов селектор и тоа нема да биде сегашниот човек на клупата, Луиџи Ди Бијаџо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ди Бијаџо ќе остане во таборот на новиот селектор, на списокот се две имиња, а најважната вест е дека испадна Антонио Конте.
Конте одбил да преговара и медиумите шпекулираат дека се надева на повик од ПСЖ, а има и договор со Челзи до 2019 година, па и да добие отказ ќе ужива во големата плата.
Сега во игра за селектор на Италија остануваат две имиња, Анчелоти и Манчини. Првиот е желба на сојузот, додека Манчини изгледа дека е најмногу расположен да ја превземе Италија, но ќе мора да се откаже од големата плата која ја добива во Зенит..
Покрај селекторската позиција, Пирло и Малдини ќе му се вратат на фудбалот и ќе бидат во сојузот.