Антонио Конте во вчерашниот меч помеѓу Јувентус и Интер влезе во конфликт со првиот човек на Јувентус Андреа Ањели.
Конте на крајот од првото полувреме покажа среден прст кон ложата на „старата дама“, а тоа го налути Ањели. (таа ситуација можете да ја видите тука).
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
После натпреварот Конте порача дека во Јувентус требало да бидат малку повеќе културни кон своите гости.
„Треба да бидат повеќе културни. Треба да покажат спортски дух и почит. Четвртиот судија слушна и виде што се случуваше. Во Јувентус би требало да ја кажат вистината“, изјави Конте алудирајќи на тоа дека цело време му се дофрлувало од ложата на „старата дама“.