Дома Фудбал Италија Конте: Во Интер го направив тоа што беше побарано од мене

Конте: Во Интер го направив тоа што беше побарано од мене

Aнтонио Конте е добитникот на наградата „Виторијо Поцо“ која во Италија ссе доделува на најдобриот тренер во изминатата година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Конте беше избран за најдобар во 2021 година. Тој не присуствуваше на церемонијата, меѓутоа се јави преку видео во кое испрати порака дека ова е награда која навистина му значи.

„Чест и задоволство е да се добие оваа награда. Добро знаеме какво значење има Виторија Поцо во категоријата тренери, за мене е чест и привилегија“, порача Конте.

Во Интер Конте се задржа две сезони и во втората успеа да му го донесе Скудетото на кое клубот чекаше цели 11 години. Така ја прекина и доминацијата на Јувентус во Италија.

„Во Интер поминав две години и од мене беше побарано да ја вратам титулата и го направивме тоа. Го направивме сите заедно, јас како тренер, стручниот штаб и фудбалерите. Интер сега е многу конкурентен и сигурно ќе биде таков во наредните години“, изјави италијанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Цените на билетите се астрономски: Ова финале е најскапо во историјата на спортот!

Финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина носи огромно возбудување, додек…