Голема бура предизвика одговорот на Антонио Конте наменет за зборовите на Анјели.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Андреа Анјели, претседателот на Јувентус веќе некое време е во лоши односи со сегашниот тренер на Челзи, а пред неколку дена истакна неколку зборови кои не му се допаднаа на Конте.
„Макс Алегри мора да биде пофален бидејќи работи одлично, достигна нешто неверојатно, ја продолжи работата на некој кој мислеше дека работата е завршена“, истакна Анјели, алудирајќи на Антонио Конте.
Италијанскиот стратег на ваквата прозивка одговори на својот фејсбук профил:
„Во животот никогаш не ги знаете луѓето, понекогаш е доволно да имаат малку благодарност и зрелост“, се вели во статусот на Конте.