Дома Фудбал Англија Конте: Ако Сити го донесе Ван Дијк ќе стане незапирлив

Конте: Ако Сити го донесе Ван Дијк ќе стане незапирлив

Италијанскиот стручњак на клупата на Челси, Антонио Конте покажа колку се плаши од екипата на Манчестер Сити.

Сити има низа од 16. победи во низа и според многумина трката околу титулата е веќе завршена, а тоа го призна и Антонио Конте пред десетина дена.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сега се појави информација дека граѓаните сакаат да го купат дефанзивниот фудбалер Вирџил Ван Дијк од Саутемптон, а Конте посакува такво нешто да не се случи.

„Ако клуб како што е Сити ги купи сите најдобри фудбалери, ќе биде многу тешко да се бориме против них. Не само во Англија, туку и во Европа. Ако тие можат да го донесат, нивно право е дали тоа ќе го направат. Кога имате прилика да излезете на трансфер пазарот и потрошите многу пари, мислам дека на вас никој не може да ви го одземе тоа право. Сепак, некогаш може да потрошите многу пари на погрешен начин. Мора да бидете паметни кога ја бирате позицијата на која сакате да донесете играч.“ – изјави Конте

Да потсетиме, за Ван Дијк, освен Сити се интересира и Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Салах имаше порака за Клоп и најави „пеколна борба“ за трофеи со Ливерпул

Ако имаше дилема, сега ја нема – Мохамед Салах и следната сезона ќе го носи дресот н…