Дома Останати Конор Мекгрегор договорил уште една мега борба: Двајцата сме легенди, да го направиме тоа!

Конор Мекгрегор договорил уште една мега борба: Двајцата сме легенди, да го направиме тоа!

mekgregor

Конор Мекгрегор во раните утрински часови помеѓу сабота и недела (околу 5 часот по наше време) повторно ќе влезе октагон и противник ќе му биде Кабиб Нурмагомедов.

Додека целиот боречки свет зборува за оваа борба, Ирецот е спремен да договори уште еден гоелм меч и тоа против легендарниот – Андерсон Силва!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилецот е поранешен шампион во средна категорија и важи за еден од најдобрите борци во светот, а во овој момент е под суспензија поради допинг.

Иако има 43 години Силва сака да се врати во рингот, па му предложил борба на Мекгрегор и ирскиот ММА борец истата ја прифатил.

„Заинтересиран сум за борба против Андерсон Силва. Тој е легенда, јас сум легенда и да одиме да одработиме за навивачите. Убеден сум дека навивачите ширум светот ќе сакаат да ја видат нашата борба“, изјави Мекгрегор.

Силва според проценките на многумина е еден од најдобрите борци кои се појавиле во ММА спортот. Во кариерата има скор од 34-8.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Алкараз после голема борба во четвртфинале во Мадрид

Карлос Алкараз во меч кој траеше речиси три часа Шпанецот го победи Штруф  и се …