Aрда Ѓулер со големи најави пристигна изминатото лето во Реал Мадрид, меѓутоа турскиот талентиран фудбалер се уште не ги одиграл првите минути во дресот на Реал Мадрид.
Констатно Ѓулер има проблеми со повредите поради што предизвика загриженост кај навивачите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Но, сега конечно околу ситуацијата со него има добри вести. Тренерот Карло Анчелоти најави дека Ѓулер би можел да ги одигра првите минути во дресот на „кралевите“ против Мајорка и тоа како стартер.
„Арда Ѓулер се чувствува одлично, го следиме на тренинзите и работи на високо ниво. Веројатно ќе има можност да стартува утре“, најави Анчелоти.
Реал Мадрид ќе се сретне со Мајорка во рамките од Купот на Шпанија.