На чекањето дојде крајот! Симона Халеп три месеци пред 27 роденден ја освои првата Грнед слем титула откако во финалето на Ролан Гарос ја соблада Слоун Стивенс со 2:1 во сетови (3:6. 6:4, 6:1.
После три обиди, финалињата на Ролан Гарос од 2014 и 2017, па потоа Австралија Опен во 2018 конечно реши едно финале на Гренд слем турнир во своја корист.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На Американката не и помогна и тоа што имаше предност и брејк во вториот дел од играта, Халеп овој пат себе си не си дозволи уште едно разочарувња и покажа дека знае да победи и во големите натпревари.
„Искрено не можам да верувам. Во последниот гејм не дишев. Направив се што можев. Неверојатно“, изјави импресионираната Симона Халеп по натпреварот.