Реал Мадрид започнал преговори за продолжување на договорот со Серхио Рамос, пренесува „ЕСПН“.
Според медиумот претставници на „кралскиот“ клуб веќе стапиле во контакт со агентот на Рамос за продолжување на соработката со 34-годишниот дефанзивец.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Договорот на Рамос со Реал Мадрид истекува на крајот на сезоната, па новиот договор е моментално приоритет за „кралскиот“ клуб.
Медиумите во Шпанија долго време пишуваа дека преговорите се уште не се започнати и дека Рамос веќе добивал понуди од други клубови.
Според последните информации Реал ќе му понуди 2-годишен договор бидејќи Рамос е исклучително важен за тимот како на теренот така и во соблекувалната.