Словенечкиот ас и дефинитивно се сели во САД.
Лука Дончиќ и дефинитивно се сели во Далас, откако Маверикси се договорија со Реал Мадрид за висината на оштетата. НБА клубот на шпанскиот гигант ќе му плати сума од два милиони долари за во овој момент најталентираниот европски кошаркар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Иако оваа приказна се закануваше да прерасне во вистинска летна сапуница сепак тоа нема да се случи и Дончиќ ќе го облече дресот на клубот кој го избра како трет пик на овогодинешниот драфт.
Дончиќ до овој момент иако беше избран не можеше да тренира со Далас бидејќи оштетата не беше платена. Меѓутоа, Словенецот секако го чека одмор бидејќи Маверикси сакаат да го одморат после напорната сезона која ја започна во септември, а ја заврши со трофеи во Евролигата и шпанската лига.
Словенецот со Далас би требало да потпише договор кој ќе му донесе 5.4 милиони долари во првата сезона, па потоа 6.4 милиони во втората со опција истиот да се продолжи на уште две години.