Лионел Меси, Килијан Мбапе и Нејмар после повеќе од три месеци би требало да заиграат заедно во тимот на ПСЖ од првата минута.
После победата против Реал Мадрид ПСЖ вечерва гостува кај Нант, а Покетино сака да го воигрува ударното три и се очекува Мбапе, Нејмар и Меси да го започнат натпреварот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
ПСЖ е лидер на табелата со 59 бодови, дури 13 повеќе од Олимпик Марсеј и титулата во овој момент се доведува во прашање.
Сепак, ударното трио мора да се воигрува за она што е најважно, а тоа е нападот на Лигата на шампионите. Реваншот со Реал на програмата е на 9. март.