Дома Топ вести Конечно добри вести за Милан: Чиро Имобиле кажал – „ДА“!

Конечно добри вести за Милан: Чиро Имобиле кажал – „ДА“!

imobile

Одлуката на УЕФА да го исфрли Милан од европските натпреварувања во една од наредните две сеозни поради финансискиот фер-плеј не ја намали желбата на спортскиот директор Масими Мирабели ова лето да се обезбеди потписот кој изостана минатата.

Пред само една година Милан ги доведе Никола Калиниќ и Андре Силва и не помина добро! „Росонерите“ се во голема агонија, аквизицијата од платени вкупно 63 милиони (38 Силва, 25 Калиниќ) се покажа како катастрофална.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Го имаат своето дете Патрик Кутроне, но тоа не ги менува работите. Милан сака моќен напад, а прво име на листата е – Чиро Имобиле!

Италијанскиот новинар, Џанлука Ди Марцио кој важи за најдобро информиран кога се во прашање трансферите во Европа, тврди дека еден од најдобрите напаѓачи во Италија веќе разговарал со управата на Милан и дал зелено светло да се започнат преговори.

Она што е важно за Милан е што Имобиле не го интересира премногу тоа што Милан нема да игра во Европа и дека наводно негов голем сон е да го облече црвено-црниот дрес.

Самиот Имобиле за „Скај“ потврди дека во овој момент има повеќе понуди.

„Постигнав голем број голови минатата сезона, секако дека има понуди. Сега уживам во одморот, а потоа ќе видиме каде ќе ја продолжам кариерата“, изјави Имобиле.

Сепак и да е точно дека Имобиле кажал „да“ пред Милан е голем предизвик – да се убеди тешкиот преговарач Клаудио Лотито кој сигурно нема лесно да се откаже од фудбалерот кој постигна 41 гол во сите натпреварувања.

Според информациите Имобиле успеал од Милан да извлече годишна плата од четири милиони евра по сезона, што е скоро двојно повеќе од она што го добива во Лацио (2.5 милиони евра).

Иначе, „росонерите“ до овој момент веќе ги доведоа Иван Стриниќ од Сампдорија и Пепе Реина од Наполи, а договорен и трансферот на младиот талентиран Хрват, Ален Халиловиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ПМФЛ: Пресврти на Силекс и Шкупи, Вардар влезе во црна серија

На македонските фудбалски терени денеска се играа натпреварите од ПМФЛ. Екипата на Шкупи с…