Милан утре игра против Болоња во рамките на 16-то коло од Серија А, а пред мечот конечно стигнаа добри вести за Џенаро Гатузо.
Имено, двајцата дефанзивци Мусакио и Ромањоли се целосно рехабилитирани од повредите, како и Сусо кој го пропушти последниот натпревар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Сусо е спремен, Ромањоли и Мусакио се повикани за утрешниот меч, но се уште не сум одлучил дали ќе бидат во стартниот тим. Треба да бидеме внимателни после такви повреди“, изјави Гатузо.
„Поразот од Олимпијакос е голем удар за нас. Самите им го подаривме тој меч. Сепак, добар сигнал е дека видов како фудбалерите плачат во соблекувалната. Тој натпревар е дамка за Милан, но сега се насочуваме кон првенството и сакаме да докажеме дека имаме квалитет“, заклучи Гатузо.
#Bologna–#ACMilan: The probable line-up of #Gattuso's team https://t.co/DXwOvH482m pic.twitter.com/sHXBMhNqYL
— CalcioMercato (En) (@CmdotCom_En) December 17, 2018