Играчот за врска на Реал Мадрид, Иско е целосно рехабилитиран и се очекува да биде дел од групата за утрешниот меч со Леванте.
Иско мораше да оди на хитна операција поради воспаление на слепото црево, но веќе тренира со остатокот од тимот и ќе биде спремен за игра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ова е одлична вест за тренерот Лопетеги бидејќи нема победа на последните четири меча, откако Иско е надвор од терените.
Единствениот фудбалер кој се уште не е спремен за игра е Дани Карвахал, додека Марсело, Бејл и Бензема веќе се на располагање на тренерот Лопетеги.
Isco pic.twitter.com/2eGkTBU1Yn
— spply (@spplyfootball) October 18, 2018