Добри вести пристигнуваат за навивачите на Барселона од Шпанија – клубот и Гави конечно пронашле заеднички јазик за продолжување на соработката.
Новинарот Мои Лоренс денес пренесува дека Барселона ја заголемила понудата и сега се очекува Гави конечно да ја прифати понудата и да потпише нов договор.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претходно му понуди плата на Гави како на Роналд Араухо, нешто помалку од она што го добија Ансу Фати и Педри. Сепак, сега Гави ќе добие покачување и платата ќе му расте од сезона во сезона. Гави е дете на Барселона, роден е 5. август 2004 година и сезонава ги собра симпатитие на љубителите на фудбалот.
Неговиот актуелен договор истекува во 2023 година и во него има откупна клазула од 50 милиони евра што во дешени услови воопшто не е премногу ако се знае потенцијалот на Гави. Со новиот договор неговата клазула се очекува да биде милијарда, а важноста на договорот до 2027 година.