Дома Трансфер зона Конечно: Барселона го потврди трансферот на Обамејанг

Конечно: Барселона го потврди трансферот на Обамејанг

И конечно – кога на сите веќе им е јасно Барселона го потврди трансферот на Обамејанг.

Дека Обамејанг ќе се пресели во Барселона стана јасно уште во вечерните часови во понеделникот во последниот ден од преодниот рок. Габонецот вчера и тренираше со Каталонците, но од некоја причина Барселона не го потврдуваше трансферот. Сега и тоа е направено.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Обамејанг во Барселона пристигнува како слободен играч, откако претходно го раскина договорот со Арсенал. Според информациите од Островот Арсенал на Обамејанг ќе му плати осум милиони евра за предвремено раскинување на договорот.

Габонецот е веќе и регистриран во Ла Лига и тоа значи дека ќе може да дебитира на следниот натпревар за Барселона, секако ако Чави се одлучи за такво нешто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…