Ливерпул е во завршна фаза за комплетирање на трансферот на дефанзивецот на Лајпциг, Ибрахима Конате.
Француските медиуми пренесуваат дека Конате веќе ги минал лекарските прегледи пред трансферот во Ливерпул.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според англиските медиуми Ливерпул ќе ја плати откупната клаузула за 21-годишниот Французин, која изнесува 40 милиони евра.
Клоп е во потрага по дефанзивец кој ќе може да го замени повредениот Ван Дајк, но исто така во иднина да биде и негов партнер во дефанзивната линија.
Конате игра фантастилна сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти, но Ливерпул ја победи конкуренција.
„Црвените“ веќе ги договориле сите детали со неговиот агент и Конате ги минал лекарските прегледи.