Дома Фудбал Италија Комплетна радост за Јувентус: „Дамата“ со максимален ефект, Роналдо двоен стрелец! (видео)

Комплетна радост за Јувентус: „Дамата“ со максимален ефект, Роналдо двоен стрелец! (видео)

Бранителот на титулата во Серија А, Сасуоло денес од 15:00 часот се сретна со најпријатното изненадување оваа сезона, Сасуоло.

Јувентус ја оправда фаворитската улога и стигна до трите бода со резултат од 2:1, а она што посебно ги радува навивачите на Јувнтус се двата гола на Кристиано Роналдо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роналдо уште во петата минута најави дека токму денес може да го постигне првенецот во Серија А, кога од непосредна близина шутираше, но неговиот удар беше изблокиран.

Во првите 45 минути и покрај отворената игра не видовме погодоци.

Првиот гол стигна после пет минути игра во второро полувреме. После една катастрофална реакција во одбраната на гостите, Роналдо се најде на вистинското место и ја затресе празната мрежа на противникот.

За него ова беше прв гол во италијанското првенство.

После само 15 минути видовме нов гол на Роналдо, овој пат последна контра на „старата дама“.

До крајот на натпреварот Португалецот пропушти неколку големи прилики да постигне хет-трик, но не успеа.

Сасуоло во финишот од натпреварот преку Бабакар успеа да стигне до утешен погодок, конечните 2:1 ги постави Бабакар.

После голот на Бабакар поради неспортско однесување, Даглас Коста заработи непотребен црвен картон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…