Италијанските медиуми пренесуваат дека капитенот на Манчестер Сити, Винсент Компани од следната сезона би можел да го носи дресот на Милан.
32-годишниот белгиски репрезентативец во последно време го загуби местото во првиот тим, па на крајот на сезоната најверојатно ќе си замине од „Етихад“ како слободен агент.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Неговиот договор завршува на крајот на сезоната, а фаворит за неговиот потпис е Милан и тоа благодарение на „Пума“.
Имено, Компани потпиша нов договор со „Пума“ која е генерален спонзор на „росонерите“ и инсистира Белгиецот да се пресели на „Сан Сиро“.
Милан е во потрага по искусен дефанзивец, па многу е веројатн двете страни да потпишат преддоговор во јануари, а Компани да се пресели во Милано следното лето како слободен играч.
Покрај Милан интерес за Белгиецот покажуваат уште Интер и Рома, па голема е веројатноста Компани од следната сезона да игра во Серија А.