За капитенот на Манчестер Сити нема дилеми што е поважно.
Манчестер Сити овој викенд во Премиер лигата го очекува дербито против градскиот ривал Јунајтед и доколку „граѓаните“ слават на овој натпревар и математички ќе ја обезбедат титулата, додека во Лигата на шампионите беа поразени од Ливерпул со 3:0 на првиот натпревар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Капитенот, Компани смета дека неговиот тим не смее да биде отпишан и верува во пресврт, а реваншот со Ливерпул по значење го става пред дербито против Јунајтед.
„Во Лигата на шампионите имаме само една шанса, додека во Премиер лигата пред нас се неколку натпревари во кои можеме да ја обезедиме титулата. Знаеме колку натпреварот против Јунајтед е важен за навивачите, но веднаш потоа ќе се насочиме кон реваншот во Лигата на шампионите. Ако треба да постигнеме пет погодоци, нека биде така“.
„Не постои ниту еден член на нашиот клуб кој смета дека веќе сме елиминирани. Имаме малку време до реваншот и знаеме дека на „Итихад“ работите можат да тргнат во непосакувана насока за Ливерпул. Поради тоа верувам дека имаме шанси“, изјави Компанија за британските медиуми.
Реваншот помеѓу Ливерпул и Манчестер се игра во вторник со почеток од 20:45 часот.