Дома Фудбал Англија Компани: Ван Дајк е најдобриот дефанзивец во историјата на Премиер лигата

Компани: Ван Дајк е најдобриот дефанзивец во историјата на Премиер лигата

Бившиот капитен  на Манчестер Сити, Винсент Компани испрати голем комплимент за Вирџил ван Дајк.

Компани, кој остави голема трага во Манчестер Сити, смета дека Вирџил ван Дајк е најдобриот дефанзивец во историјата на Премиер лигата.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Би го посочил Ван Дајк како најдобар дефанзивец во историјата на Премиер лигата. Да, можеби изборот ми е малку чуден бидејќи тој не игра долго во Англија. Џон Тери и Рио Фердинанд имаат огромен број натпревари, но Ван Дајк постигна неверојатни нешта“, изјави Компани.

„Ако дојдеше во Премиер лигата порано, Ван Дајк многу години ќе беше број 1. Тој има неверојатно влијание врз играта и самодовербата на целиот тим. Ливерпул пред него и со Ван Дајк е комплетно различен тим“, додаде Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…