Дома Македонски спорт Мак фудбал Комити: Ќе ни јави ли некој што се случува со Вардар!?

Комити: Ќе ни јави ли некој што се случува со Вардар!?

Во Вардар ситуацијата се уште не е јасна и никој не се огласува, единствено навивачката група „Комити“ бара одговори и информација што се случува во клубот.

По информацијата дека Артим Шаќири донел шпанска компанија која сака да инвестира, но не добил одговори денес тие се огласија со ново соопштение.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


“Ќе се јави ли некој со информација што се случува со функционирањето на ФК Вардар?Зарем ќе продолжите и понатаму да ја префрлате одговорноста едни на други, додека товарот ни го оставате нам и особено на играчите на теренот? Дали сакате да ни накалемите одговорност за она кон што некои структури работат во позадина, за црно сценарио, или пак молкот, подеднакво суров од двете страни, значи дека конечно Вардар го ставивте некое скалило погоре во вашите приоритети? Доколку е ова второто, можеби, но само малку ќе ублажи заради она што значи транспарентност, затоа што тука има луѓе кои тоа ги интересира и вашиот игнорантски однос ги иритира.Што треба да направиме да се свестите и да почнете да го браните она што сите очекуваат од вас да го браните, а тоа е достоинството на овие луѓе кои се лојални на Вардар и својата земја Македонија.Дајте ни малку добри вести во оваа поплава од поразителност која се случува во секојдневието. Овие луѓе, народот Македонски, се идентификува со овој клуб, го сака искрено, затоа што растел со него, го одгледа до некои височини уникатни по својот карактер, и сега со дела покажува дека не сака да му биде одземен, затоа што е веќе прираснат за срцето. Нели е тоа доволна мотивација и причина да се активирате за едно добро дело, во име на народот?Со не пронаоѓањето решение, се креира конфликт во општеството, а нели е доста од внатрешни конфликти? Наместо тоа зошто да не повикате на Мобилизација во општеството за нешто што го обединува овој народ, и да покажете дека се грижите за историјата, сегашноста и иднината на Македонија? Вардар е се во едно, славна историја, турбулентна сегашност, а каква иднина ќе има зависи пред се е од нас, неговите навивачи со кои е и народот, но и од вас кои имате моќ дадена од народот но и должност да се грижите за она што му значи на тој народ. Мора да има иднина за Вардар, тој континуитет не смее да згасне !Народот е Вардар, а Вардар е Македонија !Во меѓувреме како може некој да посака да згасне нешто што е толку мило? А дали ние можеме да го дозволиме тоа?“, соопштија од „Комити“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…