Како што веќе е познато, Вардар е во незавидна финансиска ситуација и во акцијата за спас на клубот веќе се распродадени над 30.000 билети за првиот натпревар во пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Дерби натпреварот против Пелистер требаше да се одигра претходниот викенд, но поради лошите временски услови сите натпревари во лигата беа одложени.
Па така, овој натпревар како и другите одложени ќе се одиграат овој викенд, а Комити во пресрет на дерби дуелот одлучија да го прослават распродавањето на целиот капацитет на националната арена и да го најават вечното македонско дерби.