Дома Македонски спорт Мак фудбал Комити со ново соопштение за натпреварот со Косово: Единствени за фудбалерите и Македонија!

Комити со ново соопштение за натпреварот со Косово: Единствени за фудбалерите и Македонија!

На 26 март Македонија ја очекува еден од најважните натпревари во последните години, полуфинале против Косово во Лигата на Нации.

Македонија доби прилика да игра на свој терен и ќе се обидеме да стигнеме до триумф и финале во кое би играле против Грузија или Белорусија на гостински терен за пласман на Европското првенство.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На повеќе од еден месец пред натпреварот навивачката група на Вардар преку социјалните мрежи ја загрева атмосферата, сега тие објавија ново соопштение.

„Продолжуваме уште посилни!
Кон заедничката иницијатива активно се приклучија и Прилеп, Струмица, Неготино, Гевгелија, Валандово, Виница…
Цела Македонија е на нозе за овој историски натпревар.
Нека Македонското сонце на 26-ти Март го осветли Плоштадот Македонија, а потоа и Градскиот стадион во Скопје. Нека ги згрее срцата на сите присутни. Нека даде силен импулс нашата поддршка да биде најгласна и најсилна, за моралот кај нашите репрезентативци биде на највисоко ниво.
Нека не направат горди со својата пожртвуваност, радосни со еден триумф, кој ќе ни даде право да се надеваме на пласман на Европско првенство…
Придружете ни се и вие на Плоштадот Македонија, а потоа и на големиот навивачки марш низ улиците на Скопје, се до Западната трибина !
СИТЕ ВО ЦРНО !
За Македонија Единствени !
#МнМ #СекојГрадИСелоЕМакедонија “, стои во објавеното соопштение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Сејдини: Македонија може да има успех во Лигата на Нации, знам дека тоа го мисли и селекторот

На Редовното генерално Собрание на Фудбалската федерација (ФФМ) на Македонија, претседател…