По поразот на Вардар од Беса кој беше четврти во низа за црвено-црните „Комитите“ најавија и отворање на Народен фронт на Вардар.
Тие повикаа на масовна мобилизација за натпреварот против Тиквеш во Купот на Македонија истакнувајќи дека во натпреварот ќе бидат истакнати нивните ставови за ситуацјата во клубот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Свесни за одговорноста и ситуацијата во која се наоѓа клубот, а водени исклучиво од најискрените идеали, го отвораме НАРОДНИОТ ФРОНТ – ЗА ВАРДАР!
Во среда[23.10.2024] на западната трибина ќе се обединат сите генерации, рамо до рамо ќе застанат сите екипи – секој член, сите оние кои размислуваат поинаку!
Не е важно дали си млад или стар, дали си навивач или симпатизер, во среда сме СИТЕ НА ЗАПАД-СИТЕ ЗАЕДНО!
Нашиот став да го искажеме заеднички, пред полна западна трибина, директно во очи на оние кои мислат дека се над клубот. Не се и никогаш нема да бидат. Вардар е клуб на народот, бил и ќе остане!
Во име на сите битки за клубот, во име на традицијата и емоцијата – БОРБА!
ФК Вардар – ГФК Тиквеш [23.10.2024]
ВАЖНА НАПОМЕНА: Информации за собир, како и за натпреварот против екипата на РК Порто, ќе бидат соопштени наскоро.