Тимот на Вардар не ја започна како што се очекуваше сезоната во втората лига.
После поразот од Велешта во јавноста имаше силни реакции, а денес клубот потврди дека Горан Симов си заминува од тренерската позиција.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Комити“ веќе подолго време бараа разрешување на менаџерот на „црвено-црните“, па денес се огласија после отказот на Симов.
„Одговорноста за слабите и бледи изданија на Вардар, ја превзема Шефот на стручниот штаб Горан Симов, што според големото мнозинство Вардарови навивачи е вистинска одлука. Се надеваме дека реакцијата е навремена, штетата која е настаната ќе може да се санира, и за брзо време ќе фатиме приклучок за местата кои водат кон повисок ранг. Во името на неговото минато како голман во Вардар со заслуги за освоени две Шампионски титули, му посакуваме успех во натамошната кариера. Максимална поддршка за ангажманот на Никола Глигоров…“, се вели во соопштението на „Комити“.
Фото: ФК Вардар