Екипата на Вардар со нов спонзор сезонава најави подобри денови, меѓутоа тимот по три кола има два порази.
Вардарци од почетокот на сезона беа поразени од Брера и Шкупи, а го победија само Пелистер минимално 1:0. Од Брера на отворањето на сезоната беа поразени со 3:1, додека од Шкупи на Чаир вчера со 3:0.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бледите настапи на вардарци во овие дуели предизвикаа и револт кај „Комитите“ кои преку порака на социјалните мрежи испратија опомена до управата.
„Рибата смрди од главата, последна опомена за управата“, објавија на тие на социјалните мрежи.
Ќе потсетиме, Вардар неочекувано по победата од Пелистер го смени тренерот Горзад Михаилов, а на негово место дојде Горан Петрески.