Дома Македонски спорт Мак фудбал „Комити“ го посетија тренингот на Вардар – имаат само едно барање!

„Комити“ го посетија тренингот на Вардар – имаат само едно барање!

На Вардар не му оди баш најдобро од почетокот на сезоната и по четири кола тимот веќе има трет тренер, а на табелата освои само три бода.

Вардарци забележаа три порази и во првите кола се разделија со Горзад Михаилов по второто, додека по четвртото во кое играа со Шкупи си замина и Горан Петрески.

Навивачката група „Комити“ испраќаше апели дека клубот мора да почне да игра подобро, а сега ги посетиле и фудбалерите на тренингот – бараат борба!

„Претставници на групата вчера присуствуваа на тренингот на тимот.

На сите кои во овој момент раководат со клубот, на стручниот штаб, како и на фудбалерите, јасно им се даде дознаење кои се целите и црвените линии кои не смеат да бидат поминати!

Приказната за клубот на народот, крваво ја градеа илјадници луѓе и затоа нема да дозволиме никој да си поигрува со идентитетот на нашата борба!

Воедно, упативме целосна поддршка до новиот шеф на стручниот штаб, Срѓан Захариевски и до целиот негов тим.

Бараме само едно: БОРБА И САМО БОРБА!

За крај, упатуваме апел до сите навивачи на клубот, паузата да ја искористиме за најголема комитска МОБИЛИЗАЦИЈА!

Нека пркоси црвено-црното, нека доминира!

НАШАТА ПРИКАЗНА ПРОДОЛЖУВА!“, објавија „Комити“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Куманово собира 16 ветерански екипи, МКД Мастерс по место во завршницата

Мастерс Куп 2026 се игра на 13 и 14 ноември во Куманово. Домаќинот МКД Мастерс има три гру…