Дома Македонски спорт Мак фудбал Комерцијална банка партнер на ФФМ во наредните три години

Комерцијална банка партнер на ФФМ во наредните три години

Фудбалската федерација на Македонија потврди дека склучила спонзорски договор со Комерцијална банка АД Скопје со цел поддршка на македонскиот фудбал и создавање услови за нови успеси и победи на сегашните и на идните генерации фудбалери.

Договор за спонзорство во наредните три години склучија Комерцијална банка АД Скопје и Фудбалската федерација на Македонија, кој има за цел да помогне во развојот на македонскиот фудбал


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Со оваа соработка што денеска и официјално ја објавуваме, Комерцијална банка станува горд поддржувач на македонската фудбалска репрезентација. Горди сме ние што добиваме партнер кој секогаш ги потврдува и поддржува вистинските вредности. Најдобрата македонска банка заедно со најдобрата фудбалска репрезентација. Исклучително сме среќни што преку оваа соработка со Комерцијална банка имаме можност да ја продолжиме убавата приказна поврзана со учеството на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство, која покрај спортскиот успех во себе содржи голема национална гордост“, изјави претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

ФФМ му одговори на Вардар: Имаме ист однос кон сите клубови

По вчерашната реакција на ФК Вардар во врска со продажбата на билети за натпреварот од бар…