Ѕвездата на Баерн Минхен, Кингсли Коман, има голем респект кон ПСЖ, но верува дека Баварците можат да го елиминираат од ЛШ.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Вечерва Баерн му гостува на ПСЖ во осминафиналето од ЛШ, а Коман се враќа на местото каде што ја почна кариерата.
„Ги победивме последните три натпревари. Мораме да пристапиме со самодоверба и позитивно расположение. Во фудбалот секогаш има тешки моменти. ПСЖ е одличен тим, но се е можно во Лигата на шампионите. Се надевам дека Баерн ќе излезе победник од двомечот“, изјави Коман.
Тој се потсети и на финалето во ЛШ меѓу двата тима во 2020 година, кога Баерн победи со голот на Коман.
„Несомнено, тоа е еден од најголемите моменти во мојата кариера. Тој гол ми даде крилја. Помина многу време, но остана прекрасен спомен. Сепак, сега е ова сосема нов дуел“, изјави Коман.