На денешната прес-конференција пред натпреварот против Бохум, трнерот на Баерн, Јулијан Наглесман изнесе изненадувачки информации.
Имено, Кингсли Коман веднаш по натпреварот против Барселона во Лигата на шампионите заминал на операција на срцето. Според информациите, Коман имал аритмија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Кигсли мораше да оди на операција. Имаше дополнително отчукувањње на срцето, мала аритмија. Поради тоа во натпреварот имаше проблем со земањето здив, па беше опериран. Од вторник ќе започне со кардиовежби, мислам дека нема да може да сметаме на него околу две недели“, изјави Нагелсман.
Ќе потсетиме Баерн ја победи Барселона со 0:3 во натпревар во кој доминираше, а утре од 15:30 часот ќе се сретнат со Бохум.