Дома Фудбал Англија Колку ќе има трпение Боели? Четири причини зошто Потер може да добие отказ

Колку ќе има трпение Боели? Четири причини зошто Потер може да добие отказ

Челзи загуби и од Њукасл пред паузата за Светското првенство (СП) во Катар, а тоа ја продлабочи кризата во поранешниот англиски и европски шампион, а медиумите шпекулираат за отказ на Грем Потер и очигледно сопственикот Тод Боели има неколку причини за да го отпушти.

Една од причините се лошите резултати затоа што „сините“ не успеаа да слaват на последните шест натпревари во Премиерлигата, а уште полошо е тоа што ги загубија последните три од Брајтон, Арсенал и Њукасл.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Проблемот не се само резултатите, туку и играта без никаква идеја и визија, која на крајот се рефлектира и врз резултатите, па нешто Потер мора да промени ако остане тренер на премиерлигашот.

Неколку чудни одлуки на Потер на последните натпревари, како тоа да не го користи многу чести Пјер-Емерик Обамејанг во нападот, но и постојано да игра со Рахим Стерлинг кој во последно време изгледа многу лошо.

Уште една причина зошто Потер може да добие отказ е тоа што сè уште постојат одлични тренери кои се слободни, а дел од нив се Маурицио Покетино, Јоаким Лев, Зинедин Зидан (иако тој треба да ја преземе Франција) и други.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…