Немаше среќен крај епизодата помеѓу Пари Сен Жермен и Лионел Меси кој во иднина ќе го носи дресот на Интер Мајами од МЛС лигата.
Меси во Париз пристигна со голема еуфорија и очекувања овој клуб да го одведе до титулата во Лигата на шампионите. На крајот не само што тоа не се случи, Меси влезе во „војна“ со навивачите и во последните натпревари добиваше свирежи од трибините.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Работите најмногу се променија по завршувањето на Светското првенство, Меси цела сезона пред и по Мундијалот за ПСЖ играше променливо, додека Аргентина со спектакуларни настапи ја водеше до финалето.
Сепак, можеби и не е само Меси виновен, многумина ќе кажат и дека Кристоф Галтие не беше дораснат да води еден таков тим полн со ѕвезди.
Ако на теренот не ги исполни очекувањата, целосно спротивно е со финансиите. ПСЖ во изминатите две години од Меси заработил огромни 700 милиони евра од десетината спонзори кои пристигнаа по доаѓањето на Аргентинецот.
Меси донесе и голем пораст на продажбатана билети, дресови, сувенири…Па така од тој аспект ПСЖ сигурно не загуби туку и доби. Меси во Париз пристигна како слободен играч по разделбата со Барселона.