Фудбалскиот свет од вчера тагува и се простува од Пеле, светската фудбалска легенда почина на 82-годишна возраст по долгата битка со ракот.
Пеле е единствениот фудбалер кој успеал да освои три светски првенства, за многумина е и најдобриот фудбалер на сите времиња, но дефинитивно по заработка е далеку од денешните вртоглави суми кои се вртат во фудбалот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во кариерата професионално настапуваше за два клуба од 1956 до 1974 година во Сантос и за Њујорк Космос од Сад две години од 1975 до 1977 година.
Според информациите во Сантос Пеле заработувал околу 70.000 бразилски реали што во денешна сума е околу 13.000 евра, станува збор за 1961 година кога бил на почеток на кариерата.
Подоцна во врвот на неговата кариера достигнал и до 100.000 реали. По потписот за Њујорк Космос во 1975 година беше објавено дека Пеле заработувал 2.5 милиони долари годишно.
Некои фудбалски аналитичари и магазинот „Форбс“ пресметаа дека ако Пеле играл денес во Европа би заработувал околу 223 милиони долари годишно, додека вредноста на пазарот би му била околу 300 милиони долари.