Дома Фудбал Италија Колапсот на „моторот“ на „нероаѕурите“ причина за падот на Интер?

Колапсот на „моторот“ на „нероаѕурите“ причина за падот на Интер?

perisic icardi

После поразот од Сасуоло во минатото коло стана јасно дека во Интер нешто не е во ред.

Лучијано Спалети по овој натпревар испрати јасна порака до фудбалерите на неговиот тим.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Се наоѓаме во ситуација во која нешто мораме да менуваме. Некои фудбалери беа сигурно и се чуствуваа важно, а доколку некој не може да се носи со притисокот, ќе мораме тоа да преиспитаме“, изјави Спалети.

Еден од ние на кои сигурно мислеше Спалети е Хрватот, Иван Перишиќ кој има голем пад во формата и кој додека Интер победуваше беше „моторот“ на овој тим.

Последниот добар, всушност фантастичен настап, Перишиќ го имаше против Киево, натпревар кој се одигра на 2 декември оваа сезона. Меѓутоа потоа следуваше разочарувачки период и за Интер и за Перишиќ.

После оваа победа следуваше реми со Јувентус и порази од Удинезе и Сасуоло, но и разочарувачки настап во купот на Италија против третолигашот Порденоне тим против кој славеа после изведувањето на пенали. Во четири натпревари тимот на Спалети успеа да постигне еден погодок и тоа целосно неважен. Мауро Икарди постигна гол во поразот од 1:3 против Удинезе.

Кога во прашање е конкретно Перишиќ, кај него не може да се пронајде ништо позитивно во последните три недели. Неговите бројки се следните: 270 одиграни минути, 0 голови, 0 асистенции, 1 успешен дриблин, 2 употребливи нафрувања, 2 удари на гол, 5 креирани прилики и 18 изгубени дуели.

За неговите лоши настапи не може да е причина заморот, бидејќи Интер во декември не играше повеќе од еден натпревар неделно.

perisic

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…