Денес пред натпреварот со Веспрем во Лигата на шампионите прес конфренција одржаа тренерот Едуард Кокшаров и Стојанче Стоилов.
„Не очекува натпревар со Веспрем, последен натпревар од оваа полусезона во Лигата на шампионите. Нема многу што да се каже, сите знаеме каква е ситуацијата. Според мене Веспрем е апсолутен фаворит“, изјави Стоилов.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Капитенот потоа доби прашање за проблемите со одбраната.
„Сите што играме влечеме повреди. Голманите реално не се на ниво, но тие не се виновници. Играме со тоа што имаме. Во нормална ситуација сигурно не би играле на ваков начин“, одговори Столе.
На оваа тема зборуваше и Кокшаров.
„Поради проблемите со повреди немаме простор за ротирање, во оваа формација не можеме да формираме одбрана 6-0. Се обидуваме да пронајдеме друг начин на одбрана, работиме на тоа секој тренинг. Ракометарите играат 60 минути и даваат се од себе и нормално е да дојде до замор. Кога ти имаш пулс 200 не можеш нормално да размислуваш“, изјави Кокшаров.