Дома Фудбал Англија Кои се тројцата напаѓачи на кои им се восхитува Маркус Рашфорд?

Кои се тројцата напаѓачи на кои им се восхитува Маркус Рашфорд?

Англиската Премиер лига е дом на неколку напаѓачи од светска класа, а на добар пат да стане еден од нив е и Маркус Рашфорд.

Оле Гунар Солскјер од доаѓањето на клупата на Црвените ѓаволи му даде главна улога, а тој му врати на најдобар можен начин.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рашфорд игра одлично во Премиер лигата, но и во ЛШ, па така со голот против ПСЖ во судиското продолжение го пласира Јунајтед во четврт финалето на ова натпреварување.

Во разговор за GQ Hype, Рашфорд откри на кои напаѓачи од Премиер лигата им се восхитува.

„Мислам дека најкомплетен напаѓач е Серхио Агуеро. Дури и кога нема свој ден, тој може да постигне три или четири погодоци. За мене е тоа особина на напаѓач која секогаш ќе ја изберам, кога не играте добар натпревар, но постигнувате погодоци. Тоа е вештина сама по себе.“ – истакна Рашфорд и додаде:

„Тука е и Хари Кејн, неговото позиционирање и движење е одлично. Многу паметен играч. Исто така, ми се допаѓа и Обамејанг.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…