Кике Сетиен вчера и официјално доби отказ во Барселона, а негов наследник скоро сигурно ќе биде Роналд Куман. Такви се најавите од сите страни и се чека само официјална потврда.
Сетиен на клупата на Барселона оствари 16 победи, четири нерешени натпревар и пет порази што значи дека освојувал 2.08 бодови по натпревар. Победил на 64% од натпреварите.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Куман играше за Барселона од 1989 до 1995, а од 1998 до 2000 на почетокот на тренерската кариера беше помошник на Луис Ван Гал. Потоа го доби првиот самостоен ангажман во Витесе, а подоцна ги водеше Ајакс, Бенфика, ПСВ, Валенсија, АЗ Фејенорд, Саутемптон, Евертон и репрезентацијата на Холандија.
? – Quique Setién's points per match ratio (2.08) and winning percentage (64%) at @FCBarcelona in all competitions are both higher than Ronald Koeman recorded at all of his previous teams. #ForçaBarça #Koeman pic.twitter.com/B6wxTWs56Z
— Gracenote Live (@GracenoteLive) August 18, 2020
На вкупно десет разични тренерски ангажмани Куман не оствари учинок како Сетиен во Барселона. Најмногу се приближи во Ајакс каде што на 151 натпревар во просек освојуваше 2.07 бодови и доби 62% од натпреварите. Во ПСВ имаше просек од 1.98% бодови и процент на победи од 60%. Далеку најлош беше во неговиот до сега единствен ангажман во Шпанија. Со Валенсија доби само 11 од 34 натпревари (52%) и во просек освои 1.24% по натпревар.