Дома Топ вести Кога спортист знае што е успех: Моќна честитка на Кире Лазаров до македонските фудбалери

Кога спортист знае што е успех: Моќна честитка на Кире Лазаров до македонските фудбалери

Најдобриот ракометар во историјата на македонскиот ракомет, Кире Лазаров и го честиташе големиот успех на македонската фудбалска селекција за историската победа против Германија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Честитки за сите играчи, селекторот, капитенот Пандев и сите вклучени кои придонесоа за оваа голема победа на Македонија. Во професионализмот нема случајности или среќа, среќата е заслужена со посветеност, ентузијазам и борба до крај.

Македонскиот спорт станува нашиот најголем амбасадор во светот, спортистите се најголеми амбасадори. Ви честитам од срце и само напред кон нови победи. Покажавте дека имате ментална сила, карактер, македонски инает, интелегенција. Ви посакувам многу среќа на Европското првенство. Одиме заедно кон нови победи за Македонија!“ – напиша Лазаров на својот Фејсбук профил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Официјално: Мартин Демикелис стана тренер на Лајпциг

Мартин Демикелис е назначен за главен тренер на РБ Лајпциг, објави прес-службата на клубот…