Дома Фудбал Останато Кога сонот ќе стане јаве – Пред четири години не можеше да си купи ниту копачки, а денес е ѕвезда во Премиер лигата!

Кога сонот ќе стане јаве – Пред четири години не можеше да си купи ниту копачки, а денес е ѕвезда во Премиер лигата!

Не е реткост најголемите светски таленти да доаѓаат од сиромашни средини, а таква е и приказната на Ричардсон кој оваа сезона настапува во Премиер лигата за тимот на Вотфорд.

Ричардсон потекнува од Бразил, држава која сеуште важи за една од најфудбалските земји во светот. Овој фудбалер оваа сезона постигна три погодоци и запиша две асистенции за тимот на Вотфорд и со тоа привлече огромно внимание, а неговата животна приказна е навистина интересна.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Искрено, не знаев ништо за Вотфорд кога доаѓав тука, ниту за клубот, ниту за градот. Но сега се чуствувам феноменално. Соиграчите, стручниот штаб управата и навивачите сите ми станаа навистина драги“, зборуваше Бразилецот.

Херојот на Вотфорд ги според и навивачите во Англија со оние во Бразил.

„Тука навивачите се многу повеќе пристојни. Животот во Рио често пати знае да биде опасен. Ако загубиш натпревар во Бразил, не смееше да бидеш помеѓу навивачите. Тие често пати ја преминуваат границата, неколку пати додека бев член на Фламиненсе не навредуваа и не бркаа се до аеродромот“, изјави Ричардсон кој пред само четири години не можел да си дозволи себе си ниту еден пар пристојни копачки.

Тој е најстарото дете во неговото семејство. Неговиот татко работел како каменорезбар, додека неговата мајка била хигиеничарка. Растел во југоистичната држава, Еспирито Санто, која е познато по преубавите плажи, но и по произведувањето на челик и гориво.

Ричардсон откри и колкава била желбата на неговиот татко тој да стане фудбалер.

„Мојот татко знаеше фудбалер по име Ричардсон и затоа и мене ми го даде тоа име. Кога имав седум години ми купи десет фудбалски топки. Не затоа што можеше да си дозволи, туку затоа што сакаше да станам добар фудбалер“.

Посебно интересна е приказната за растењето на овој 20 годишен офанзивец.

„Поголемиот дел од времето јас и другарите игравме на улицата. Головите ги правевме од нашите чевли. Тоа беше нешто како во фавелите и тука бевме многу сиромашни. Премиер лига можев да гледам само кај мојот вујко кој имаше телевизор. Верував во себе и еден ден му кажав: Ќе играм еден ден таму. За моја среќа успеав да го исполнам ова ветување“.

Сепак, тешко дека тој ќе успеел да го оствари својот сон доколку на 16 години во локалниот клуб Реал Нороесте не се вмешал локалниоте бизнисмен, Веласко.

„Ренато Веласко беше првиот човек кој ми даде шанса да се докажам. Во првата недела ми купи нови копачки, бидејќи до тогаш играв со скари и искинати. Ми кажа дека ќе ми помогне бидејќи знае дека има голем потенцијал“.

После некое време премина во Америка Минеиро, а во 2014 година стана член на Фламинесе. Ова лето беше на чекор од Ајакс, но на крајот премина во Вотфорд за сума од 15 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…