Фелаини се повреди синоќа во мечот од квалификациите СП помеѓу БиХ и Белгија.
Белгија славеше со 4:3 и го обезбеди првото место во групата, но и потврди дека се работи за едеен оа најдобри еврпски селекции.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Фелаини е повреден во тој меч, а неговата повреда не е ниту малку наивна, со оглед на тоа дека според некои проценки ќе одмора најмалку еден месец.
Жозе Мурињо сигурно е сега лут на Белгиецот, бидејќи бараше Фелаини да биде ослободен од обврските во Сараево.
Но, не е се така црно за Фелаини во овој момент, со оглед на тоа дека Јунајтед му подготвува нов договор. Моменталниот му важи до крајот на сезоната, па од јануари ќе има можност да разговара со потенцијални заинтересирани клубови за него.
За да го спречи тоа, Мурињо му нуди нов договор и набрзо ќе почне со преговорите околу продолжувањето на соработката за следните две години.