Дома Фудбал Англија Кога не можеш да го победиш најлошиот тим во лигата не заслужуваш да играш во Лига на шампиони (ВИДЕО)

Кога не можеш да го победиш најлошиот тим во лигата не заслужуваш да играш во Лига на шампиони (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед нема да го гледаме во игата на шампионите наредната сезона.

„Црвените ѓаволи“ во 37-то коло од Премиер лигата гостуваа кај најлошиот тим во лигата, Хадерсфид и освоија само бод (1:1) и на коло пред крајот на сезоната ги изгубија сите шанси да играат во Лигата на шампионите наредната сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Добро влезе Манчестер Јунајтед во натпреварот. Со голот на Скот Мектомини поведоа со 0:1, после осум минути игра и изгледаше дека лесно ќе дојдат до за нив важните три бода.

Промаши Јунајтед неколку прилики да ја обезбеди победата во овој натпревар, но не ги искористија, а тоа Хадерсфилд го казни во второто полувреме.
Се играше 60-татам инута кога Лук Шо направи очајна грешка, топката стигна до Мбенза кој го матираше Де Геа за 1:1.

Тргна потоа Манчестер Јунајтед на се или ништо. Имаа навистина неколку неверојатни шанси. Погба ја погоди и пречката во 89-тата минута, но топката не сакаше да влезе во голот.

Хадерсфилд се закануваше од контри, а Де Геа го спаси својот гол во 90-тата минута. На крајот ниту осум минути судиско продолжение не му беа довлни на Јунајтед да стигне до победата.

Во вториот натпревар во истиот термин Челзи го победи Вотфорд со 3:0 (Лофтус-Чик, Давид Луиз, Игуаин).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…