Дома Топ вести Кога навивачите на Реал најмногу сакаат: Погба, Пјаниќ, Ван Де Бек или Ериксен?

Кога навивачите на Реал најмногу сакаат: Погба, Пјаниќ, Ван Де Бек или Ериксен?

Реал Мадрид ова лето ќе се обиде да го засили средниот ред, а Зинедин Зидан ќе мора да го избере играчот кој ќе му одговара.

Зидан се врати во Реал во текот на летото за да формира нови „галактикоси“, а првото засилување би требало да биде Еден Азар кој наводно на почетокот на јуни официјално ќе биде член на шпанскиот гигант.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За Зизу многу е важно покрај Азар да доведе уште еден квалитетен играч за врска.

На неговата листа на желба се Пол Погба, Кристијан Ериксен, Миралем Пјаниќ и Ван Де Бек.

Трансферот на Погба не изгледа лесен затоа што Манчестер Јунајтед сака да го задржи, а ниту Французинот не може да пронајде заеднички јазик со раководството на играчот околу платата.

Ериксен со Тотенхем игра финале во Лигата на шампионите на 1-ви јуни после што ќе донесе одлука за продолжување на неговата кариера, а Реал го следи веќе извесно време. Неговиот трансфер сепак е повеќе реален од оној на Погба.

Миралем Пјаниќ со Јувентус освои Скудето, но неговото време во Торино се ближи кон крајот и се повеќе се пишува за негово заминување од Торино, а Реал Мадрид е заинтересиран за неговиот потпис. Дони Ван Де бек кој одигра одлична сезона исто така е опција за Реал.

Но, „Марка“ прашува: Кој играч најмногу му одговара на Зидан?

Во оваа анкета само 5% гласале за Пјканиќ, Ерикен добил 47%, Погба 31%, а за Ван де Бек од Ајакс гласале 17% од анкетираните.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…