Арсенал сезонава игра катастрофално лошо, па дури на Островот после 13 кола се зборува и за можно испаѓање на „топџиите“ од лигата.
Поранешниот играч на Арсенал, Реј Паролур порача дека со оглед како игра Арсенал постои можност тие да испаднат од лигата. Тој ситуацијата на Арсенал ја спореди со онаа бајка на Лестер кога никој не очекуваше тие да бидат шампиони.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Лестер беше аутсајдер за титулата, но направија чудо и ја освоија ПЛ. Сега Арсенал е во слична ситуација но на другиот крај на табелата. Верував дека Артета може да направи нешто, но клубот има само четири победи и 14 бода после 13 кола и се наоѓаат на 15 место, тоа е многу блиску до опасната сезона“.
„Во Премиер лигата се е можно, Лестер ни го докажа тоа. Некој ме праша дали Арсенал може да испадне му одговорив: Ако Лестер успеа да ја освои ПЛ, тогаш Арсенал може да испадне. Работата според мене е сериозна и мораат нешто брзо да променат и да почнат да освојуваат бодови“, изјави Паролур.