Дома Фудбал Кога играш за Велигден место фрлање паричка има – кршење со јајца! (ВИДЕО)

Кога играш за Велигден место фрлање паричка има – кршење со јајца! (ВИДЕО)

Бугариве се закон кога станува збор за креативни и забегани идеи. Уште еднаш покажаа дека без проблем можат да излезат од формалното устројство на правилата, овој пат поврзано со одлучување кој да го има почетниот удар во фудбалски дуел.

Поради тоа што на клубовите им се падна да играат натпревар на сам ден Велигден, од фудбалската федерација на Бугарија решија наместо со фрлање паричка, одлуката за кој да го изведе почетниот удар да ја донесат со кршење со јајца.

Наместо традиционалното фрлање паричка, овојпат капитените на двата клуба добиваа по едно јајце кое беше во клупските бои и со кршење решаваа кој ќе биде тимот што прв ќе тргне од центарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез со проектил ја крена Венеција од дното, Занети тргна со пораз во Удинезе

Венеција славеше со 2-1 во дуелот за бегство од последното место, а Кике Перез го реши меч…