Дома Топ вести Кога го гледате натпреварот не го гледате Бускетс, кога го гледате Бускетс го гледате цел натпревар!

Кога го гледате натпреварот не го гледате Бускетс, кога го гледате Бускетс го гледате цел натпревар!

Иако често потценет, недоволно пофалуван и неприметен од страна на фудбалските „експерти“, Серхио Бускет е без дилема еден од најдобрите играчи за врска во светот во последните неколку години.

Неговата брилијнтност лежи во неговата конзистентност, непогрешливост во додавањата и елеганцијата. Тој е основа околку која веќе подолго време се врти играта на Барселона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Има само неколку играчи кои можат да се пофалат со техника и тактичка зрелост каква што има Серхио Бускетс. Иако скромен и неприметен, барем во споредба со своите соиграчи, Серхио сигурно може да се смета за еден од најважните играчи на каталонскиот клуб.

Многумина сметаа дека Бускетс доаѓа до израз само за време на генерацијата предводена од Пеп Гвардиола. Меѓутоа, Серхио од тогаш промени неколку тренери и селектори, но и понатаму од сезона во сезона ја покажува својата фудбалска интерелегенција.

„Кога го гледате натпреварот не го гледате Бускетс, но кога го гледате Бускетс го гледате цел натпревар“, изјави Винсенте дел Боскте.

Окарактеризиран е како „фундалемтален“ од страна на Чави, „непроценлив“ од страна на Гвардиола и „најдобар играч за врска во светот“ од Луис Енрике.

Бускетс веќе долго време е играч без кој не може да се замисли тимот на Барселона, освои голем број на трофеи и веќе обезбеди место во историјата на каталонскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Генијалноста на Анчелоти која го одведе Реал до полуфиналето во ЛШ без два стартни стопери и двата први голмани

Карло Анчелоти, го предводеше својот клуб до полуфиналето на Лигата на шампионите и дуел п…