Дома Фудбал Лига на шампиони Кога гостуваат Јувентус и Роналдо 54.000 билети се продаваат за 40 минути!

Кога гостуваат Јувентус и Роналдо 54.000 билети се продаваат за 40 минути!

ajax

Како што изминува времето така се наближуваат првите четвртфинални натпревари во Лигата на шампионите.

Ждрепката сакаше во четвртфиналето помеѓу другите парови да се сретнат холандски Ајакс и италијански Јувентус.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот натпревар помеѓу овие два клуба се игра на 10-ти април кога Ајакс во Амстердам ќе го пречека италијанскиот шампион.

Продажбата на влезници за овој натпревар траела многу кратко, поточно влезниците за оваа средба биле распродадени за само 40 минути што доволно зборува со колкава возбуда домашните навивачи го исчекуваат овој натпревар.

Влезниците започнале да се продаваат во 10 часот наутро, а во 10:40 веќе биле сите распродадени. Стадионот на Ајакс има капацитет од 54.000 седишта и сега е јасно дека истиот за натпреварот против Јувентус ќе биде исполнет до последното место.

Сепак, тренерот на Ајакс од своите играчи бара се уште да не размислуваат за Јувентус бидејќи за викендот ги очекува важен натпревар против ПСВ во борбата за титулата во првенството.

Вчера во медиумите во пресрет на овој натпревар зборуваше и своја прогноза даде легендарниот голман , Едвин Ван Дер Сар кој во својата кариера настапуваше и за Ајакс и за Јувентус.

„Ќе биде тоа интересен натпревар против Јувентус. Среќни сме затоа што сме во четвртфиналето. Игравме на високо ниво против Реал во Мадрид и се надевам дека тоа можеме да го повториме и против Јувентус во Амстердам. Тимот е полн со самодоверба и сметам дека можеме да го победиме Јувентус. Победата против Реал Мадрид ни даде голема самодоверба“, гласеше изјавата на поранешниот голман кој денес работи како спортски директор во Ајакс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…