Вчера Лос Анџелес Лејкерси во својот „Стејплс Центар“ стигнаа до 10-тата победа во сезоната.
Лејкерси беа подобри од Сакраменто и во интересен натпревар славеа со резултат 99:97. Победничкиот тим беше предводен од Леброн Џејмс кој уфрли 29 поени и додаде 11 асистенции.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Кралот“ имаше и едно монструозно забивање во финишот на првото полувреме со кое покажа дека годините (34) не му можат ништо.
Богдан Богдановиќ беше во одбраната кога Џејмс тргна во продор, а потоа под кошот налета на Немања Бјелица кој не можеше ништо да направи.