Дома Останати Ракомет Ковид-19 го пензионираше Штербик: Сакав уште еден фајнл-фор и титула во ЛШ, но тоа сега не е можно

Ковид-19 го пензионираше Штербик: Сакав уште еден фајнл-фор и титула во ЛШ, но тоа сега не е можно

Поранешниот голман на Вардар и еден од најдобрите голмани на сите времиња, Арпад Штербик објави дека ја завршува кариерата.

Легендарниот 41 годишен голман потврди дека завршува со активното играње ракомет поради коронавирусот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Причината е јасна. Ковид-19 ги прекина натпреварувањата на неодредено време и никој не може да претпостави кога работите ќе се вратат во нормала. Штербик објасни дека неговото тело повеќе не може да се носи со напорите, посебно затоа што не се знае уште колку ќе трае паузата.

„Оваа одлука беше тешка за мене. Искрено, ќе биде тешко да се активирам после долгата пауза, Жал мие што нема да можам да одиграм уште еден фајнл-фор во Лигата на шампионите. Сакав стигна до уште една титула во ЛШ, но во овие околности тоа е невозможна мисија“, изјави Штербик.

Штербик дресот на Вардар го носеше од 2014 до 2018 година, после што се пресели во Веспрем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Лазаров по двата порази од Романија: Задоволен сум

Македонија беше поразена во двете контролки против Романија пред двомечот со Фарски Остров…